Еден од најдобрите
напаѓачи во најсилниот турски фудбалски шампионат, нашиот Адис Јаховиќ остави
голема дупка по заминувањето од Гезтепе изминатиот зимски јануарски преоден
рок, откако се пресели во Коњаспор.
Јаховиќ имаше и повеќе
од значајна улога во тимот од Измир каде постигна 14 погодоци, но, по неговото
заминување постигнувањето позитивни резултати, или пак победи на Гезтепе во
Суперлигата на Турција стана тешка мисија.
Гезтепе во моментите
кога го имаше Македонецот статистички постигнуваше по 1.76 погодок на меч, со
вкупно 30 гола во првиот дел од сезоната, но статистички од таа гледна точка
падна на 0.86 гола по меч.
Во последните пет
натпревари од заминувањето на Јаховиќ, Гезтепе забележа една победа и тоа
минимална со 1-0, загуби две средби, а исто толку имаше и ремија.
Сосема логичен е еден
наслов кој го „уловивме“ низ турските медиуми, а кој гласи „Гезтепе е во
потрага по Адис Јаховиќ“.
Извор: fotomac.com.tr