Денес повеќе медиуми во
Турција се подзанимаваа со случајот на нашиот 18 годишен фудбалер Елиф Елмас по
тоа што се случи на младински меч помеѓу екипите на Фенербахче и Бешикташ.
Од таа средба тамошните
медиуми најнапред пренесоа дека нашиот млад фудбалер беше тој што го направи
крвничкиот старт врз фудбалер на Бешикташ, за потоа да се корегираат во своите
вести и да извадат записник од мечот на кој се увиде дека Елмас не бил на таа
средба.
Сепак, дилемите беа
расчистени откако беше утврдено дека Македонецот бил тој што го направи
прекршокот, па Елмас и покрај тоа што заработи само жолт картон по тој
прекршок, не беше во составот на Фенербахче викендов, ниту во сениорскиот, ниту
во оној младинскиот за дуелите со Акхисар Беледи каде црно-жолтите во сениорска
конкуренција загубија со 2-3, а во младинска пак победија со 2-1.
Причината за тоа што
Елмас не се најде во ниту еден од двата состави на Фенербахче изминатиов викенд
било тоа што македонскиот репрезентативец добил суспензија од куќата на
фудбалот во Турција поради грубиот прекршок против Бешикташ.
Нема детални информации
околу овој случај дали Елмас доби само еден меч суспензија, или пак повеќе.
Извор:yenisafak.com