Кој тогаш можеше да помисли такво нешто: Избра да игра за Италија и – зажали!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот италијански репрезентативец Стефан Ел Шарави уште во 2008 година, кога почна да настапува за младинските селекции, се соочи со првите дилеми околу изборот на државен дрес. Тогаш играше за Џенова а дилемата беше Италија или Египет, бидејќи неговиот татко Сабри е Египќанец, а мајка му Луси Италијанка.

На крај се одлучи за Италија, но деновиве многумина коментираат и се шегуваат на сметка на таа одлука, затоа што неговата репрезентативна кариера помина без да одигра ниту минута на Светските првенства.

Ел Шарави беше дел од тимот на Светското првенство во 2014 година во Бразил, но не доби шанса да игра, а неодамнешниот пораз од Босна и Херцеговина во Зеница значи дека Италија третпат по ред ќе го пропушти Светското првенство. Со тоа завршија и соништата на Ел Шарави за настап на најголемата фудбалска сцена.

Дополнителен удар за него беше што кога Италија ја освои Европската титула во 2021 година, тој не беше повикан. Тогашниот селектор Роберто Манчини им даде предност на други офанзивци как: Инсиње, Берарди, Киеза, Имобиле, Белоти и Распадори.

Египет во меѓувреме настапи и на Светското првенство во Русија во 2018 година и сега го чека почетокот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико каде што веќе обезбедија пласман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×