Белгија не треба да се тресе, има одлична замена за Куртоа!

by riste
1 минути читање

Најдобриот светски голман во овој момент, Тибо Куртоа е во аут поради повреда и нејасно е дали ќе биде здрав за настап на Светското првенство, но ноќеска фантастичен перформанс имаше Сене Ламенс.

Белгија со 5-2 триумфираше над САД во пријателски меч, а голманот на Манчестер Јунајтед, Сене Ламенс имаше неколку фантастични интервенции.

По мечот тој доби големи пофалби од Кевин Де Брујне.

„Денеска не игравме со Тибо Куртоа, но не го почувствувавме неговото отсуство поради Ламенс. Него го викаме двојникот на Куртоа, прави најнеочекувани одбрани. Има разлика во одбраната на Манчестер Јунајтед откако тој потпиша за нив“, рече Де Брујне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×