Репрезентацијата на Косово го оствари најголемиот успех во својата историја откако денеска обезбеди пласман во финалето од баражот за Мундијалот.
На гостувањето во Словчака, Косовците славеа со 4-3 и сега се на чекор до сонот кој остана неотсонуван за многу генерации фудбалери и навивачи, вклучувајќи ги и македонските. Во клучниот меч, Косово ќе се сретне со Турција и победниот од тој натпревар ќе настапи на претстојниот Мундијал.
До триумфот, Косово стигна благодарение на фантастичното второ полувреме откако по првото, Словачка водеше со 2-1. Аслани израмни, Муслија и Хајризи се погрижија со 4-2, а Стрелец во судиското продолжение го постави конечниот резултат. Со денешната победа, косовските репрезентативци заработија 500 илјади евра, а ако ја победат Турција имаат еден милион.
Италија лесно си ја заврши работата, со 2-0 ја победи Северна Ирска. Головите ги постигнаа Тонали и Кин.
Бараж финале обезбеди и Полска која со 2-0 беше подобра од Албанија, а Шведска со 3-1 славеше над Украина.