Турција ја мина Романија и има уште една пречка до Светско првенство! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Турција ја оправда улогата на фаворит и со 1-0 ја победи Романија во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.

Романците ѝ покажаа мускули на фаворизираната Турција, но сепак домаќините беа подобри и заслужено победија.

Клучниот момент се случи по осум минути игра во второто полувреме кога по една фантастична асистенција на Ѓулер, Кадиоглу даде гол за победа на Турција од 1-0.

Турците во финалето од баражот ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Словачка и Косово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×