Луческу излезе од болница за да ја предводи Романија: Не сакам да се откажам како кукавица!

by bojan
1 минути читање

Легендарниот Мирчеа Луческу ќе ја предводи Романија на бараж натпреварот против Турција и покрај тоа што 80 годишниот стратег со месеци има здравствени проблеми.

Мундијалскиот сон не познава граници, а тоа го докажува и искусниот Мирчеа Луческу.

Стратегот со месеци има здравствени проблеми, изминатиов период три пати бил хоспитализиран, но и покрај тоа ќе ја предводи Романија на бараж натпреварот против Турција.

„Кога докторите ми кажаа дека можам да излезам од болница и да седнам на клупата, се фокусирав на тоа што можам да направам за Романија“ – вели 80 годишниот Луческу.

„Разговарав со федерацијата и ме известија дека не можат да најдат подобро решение за ситуацијата“.

„Не се чувствувам добро, и сигурно ќе се повлечев доколку имаше друга опција“.

„Но за жал немаше, па си реков „Не сакам да се откажам како кукавица“. Мораме да веруваме дека имаме шанса за пласман на Светско првенство“.

ФОТО: fb/Echipa națională de fotbal a României

Можно е и ова да ти се допаѓа

×