208
Последните информации од Мадрид велат дека Реал Мадрид на утрешниот натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите ќе биде без Килијан Мбапе кој нема да настапи поради повреда.
Мбапе беше принуден да го прекине денешниот тренинг поради повреда. Според „Екип“ причината е обновена болка во коленото.
Французинот го започнал тренингот, но како што тој одминувал болката станувале премногу силна и тој морал да излезе.
Медиумите од Шпанија пишуваат дека речиси сигурно Мбапе нема да игра против Бенфика иако оставаат мала шанса тој сепак да настапи.