Барселона сериозно го вперила погледот кон аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез, кого во клубот го гледаат како долгорочно решение во нападот и потенцијален наследник на Роберт Левандовски.
Сепак, реалноста во овој момент е далеку од идеална за каталонците. Атлетико Мадрид нема намера да се раздели со својот голгетер, особено не во корист на директен ривал како Барселона. Од таборот на „јорганџиите“ јасно ставиле до знаење дека единствен начин да се отвори разговор е понуда од околу 200 милиони евра.
Таквата сума во моментов изгледа недостижна за Барселона, која и понатаму се соочува со финансиски ограничувања. Токму поради тоа, во јавноста веќе кружат и шеги дека клубот ќе мора да направи радикални потези за да стигне до вакво засилување: „Ако сакате да го купите Алварез, ќе треба да го продадете стадионот“, е еден од коментарите.