Нотингем форест го понижи Фенер среде Истанбул (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Нотингем форест со убедливи 3-0 го победи Фенербахче на негов терен, домашен пораз доживеа и Динамо Загреб кој со 1-3 загуби од Генк во првите натпревари од плејофот во Лига Европа.

Според имињата на фудбалерите Фенербахче има подобар состав од Нотингем форест, а игра и во одлична форма во турското првенство, па се очекуваше да биде рамноправен со премиерлигашот, но тоа не беше случај.

Со голови на Муриљо и Игор Жесус уште во првото полувреме Нотингем имаше предност од 2-0, а во вториот дел погоди и Гибс Вајт за конечни 3-0.

Гостите излегоа како победници и на останатите три меча кои се играа во овој термин.

Генк со 3-1 победи кај Динамо во Загреб, Болоња со 1-0 славеше кај Бран, а Селта со 2-1 го победи ПАОК во Грција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×