Според „Атлетик“, фудбалерите на Барселона отворено зборувале со тренерот Ханси Флик и му ги кажале замерките кои ги имаат поврзани со тактиката на Германецот.
Барса доживеа дебакл на гостувањето кај Атлетико Мадрид каде беше поразена со убедливи 4-0, а по поразот отворено се зборувало во соблекувалната.
Играчите сметаат дека тактика со висока дефанзивна линија како што поставува Флик, не одговарала за мечот со Атлетико Мадрид.
Тие не сакаат да го рушат стилот наигра, но сметаат дека на големите натпревари треба да има соодветна адаптација.
Некои играчи веруваат дека е тешко да се игра на таков начин без Рафиња и Педри.
Како и да е, атмосферата во соблекувалната на Барселона не е нарушена, напротив сите веруваат дека во реваншот на Камп Ноу може да се анулира високата негативата и да се помине Атлетико Мадрид.