377
26-годишниот напаѓач претходно играше за Судова од Литванија со која минатата сезона го освои првенството во оваа земја.
„Предизвик за мене е што потпишав за така голем клуб како што е Сараево. Мое е да работам напорно на секој тренинг и да го давам најдоброто од мене на секој натпревар и се надевам дека ќе му помогнам на Сараево да ја оствари целта“, изјави Алтипармаковски.
„Се разбира дека од претходно се знам со Крсте Велкоски. Тој ми кажа се најдобро за Сараево, како за градот така и за клубот и секако дека не погрешив што дојдов тука’.