65
Македонскиот репрезентативци влегуваат во одлична форма, а денешниот ден е доста успешен за дел од нив.
По Бојан Миовски, меѓу стрелците се запиша и Елмин Растодер. Тој го даде осмиот сезонски гол во победата на Тун кај Сервет од 1-3. Неговиот тим е апсолутен лидер во швајцарското првенство со 11 бода предност пред Лугано, а ова за Тун беше шеста победа во низа.
Освен нив двајца, гол даде и Милан Ристовски во поразот на Бохемијанс на гости кај Пардубице (2-1). Македонскито фудбалер го ублажи поразот на својот тим, а за него ова беше втор погодок во најсилната лига во Чешка.
Претходно асистент беше и Лирим Ќамили во поразот на Сондерјиске кај Нордсјеланд (2-1).