За Жорге Жезус, шефот на
стручниот штаб на тимот вели дека е посебно педантен во својата работа.
Ристовски одигра 90 минути во реванш пресметката против Викторија Гимараеш од
финалето на купот на Португалија и веќе го подигна првиот трофеј со новиот
клуб, играше како класичен бек, иако во Ријека играше речиси како крило со
повеќе офанзивни задачи.
„Тренерски барања, Хесус
е педантен премногу, постојано гледа снимки од натпревари, анализира, многу
внимание посветува на тактиката и има јасни барања“ вели Ристовски во
интервјуто за „Јутарњи“.
Тој додава дека доколку
не го познаваш јазикот, тогаш тешкотиите немаат крај, вели дека мора да се
избориш сам.
„Доколку не го знаеш
јазикот кога ќе дојдеш, тогаш седиш замислен во ќош, никој нема ни да те
поздрави. На никого не му е грижа за тебе, мораш сам да се избориш, на Кек (тренерот
од Ријека) сум му посебно благодарен бидејќи ме подготви да бидам цврст кога
тоа би се случило“ додаде Ристовски кој притоа истакна и каков е притисокот на
себе да се игра за еден таков великан.
„Овде нема прашања, во
составот имаме 30 фудбалери и секој ден се пишува дека ќе дојдат тројца нови
играчи, или ќе покажеш квалитет или конкуренцијата ќе те прегази. Дури кога ќе
бидеш некое време овде ќе сфатиш колку е Спортинг голем клуб. На секој
натпревар имаме 40-тина илјади навивачи, кога сме во карантин не смееме да
излеземе пред соблекувалните од новинарите кои тмау постојано чекаат да кажеш
било што, а во пресрет на натпреварите против Порто или Бенфика, камерите го
пратат клупскиот автобус, мислам дека тоа доволно говори се’“ истакна Ристовски.
Извор: sportske.jutarnji.hr