Кочаман му ги пренел импресиите на Елмас од неговите перформанси досега, Македонецот ќе стартува против Генчербирлиги?

by
2 минути читање

Големата надеж на
македонскиот фудбал и член на Фенербахче, 18 годишниот Елиф Елмас тргна со
настапите за сениорскиот состав за тимот од Истанбул, а неговиот тренер Ајкут
Кочаман засега му дава голема шанса за докажување.

Дел од тамошните медиуми
пренесуваат дека искусниот стратег имал порака до Елмас по неговите
перформанси.

Имаше успешни
перформанси против Трабзонспор, ти честитам на тоа, се надевам дека ќе
продолжиш во таа насока и постојано ќе бидеш подготвен за големите предизвици
кои се пред теб
е“ му порачал Кочаман на Елмас, а за ова пренесе турски „
Sporx.

Од друга страна пак,
турската верзија на „BeIN Sports“ денес напиша дека Елмас е повторно во комбинација за
настап од првата минута против Генчербирлиги, за мечот кој се игра утре Кочаман
се соочува со проблеми во составот каде има неколку повредени фудбалери, а
опцијата „Б“ е да игра со поискусниот во составот, Алпер Потук.

Елмас дебитираше во
дербито на турската Суперлига против Трабзонспор, каде имаше одлично издание, а
во купот против Гиресунспор играше во првото полувреме каде асистираше во
првиот гол за црно-жолтите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани