Интер принудно го враќа хрватскиот ветеран?

by 24 фудбал
1 минути читање

Иван Перишиќ повторно се најде во фокусот на италијанската јавност, откако Интер сериозно размислува за негово враќање на „Џузепе Меаца“. Хрватскиот интернационалец веќе постигнал договор за личните услови со клубот од Милано, но трансферот во овој момент е закочен поради цврстиот став на ПСВ Ајндховен.

Холандскиот шампион не ја прифатил понудата на Интер и јасно ставил до знаење дека не планира да се откаже од еден од своите најискусни фудбалери. Перишиќ е стандарден член на првиот тим и има важна улога во плановите на ПСВ оваа сезона, поради што раководството не сака да го пушти, без разлика на интересот од Италија.

Перишиќ настапуваше за Интер во периодот од 2015 до 2022 година и остави длабока трага со 208 одиграни натпревари и 49 погодоци во сите натпреварувања.

Во Интер го гледаат како краткорочно решение на позицијата десен бек, особено по повредата на Дензел Дамфрис. Иако Перишиќ се наоѓа во залезот на кариерата и има уште само шест месеци од актуелниот договор со ПСВ, клубот од Ајндховен смета дека неговото задржување е повредно од скромната отштета која би ја добиле од трансфер, проценета на околу еден милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×