Костов донесе гостинска победа за Црвена звезда, Астон Вила го победи Фенер во Истанбул (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Црвена звезда со 1-0 победи на гостувањето кај Малме и го завери настапот во нокаут фазата, и остана во игра за топ осум позициите кои водат директно во осминафиналето, Астон Вила исто така со 1-0 го совлада Фенербахче на негов терен.

Единствениот гол за Црвена звезда во Малме го даде српскиот фудбалер со македонско потекло, Василије Костов во 16. минута.

Астон Вила продолжи со одличните настапи во Европа, овојпат со гол на Санчо во 25. минута го победи Фенербахче во Истанбул.

Во другите натпревари од овој термин беа постигнати следните резултати: Болоња – Селтик 2-2, Бран – Митјиланд 3-3, Феенорд – Штурм 3-0, Фрајбург – Макаби Тел Авив 1-0, ПАОК – Бетис 2-0, Викторија Плзен – Порто 1-1, Јанг Бојс – Лион 0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×