102
Прв пат нашиот 18
годишен Елиф Елмас беше стартер за Фенербахче и тоа во првиот меч против
Гиресунспор во четвртфиналето од турскиот куп, каде тимот од Истанбул имаше
предност, но на крајот загуби со 2-1.
Асистенција на Елмас во првиот меч како стартер за Фенербахче! (ВИДЕО)
Елмас одигра едно
полувреме а притоа асистираше во голот на Топал, во второто полувреме
црно-жолтите примија два гола и го загубија првиот меч, а нашиот фудбалер ги
пренесе импресиите.
„Да бидам дел од
стартната постава денес за мене беше изненадување. Мило ми е што бев од
почетниот состав, се надевам дека и во иднина ќе бидам“ рече Елмас.
Извор/Фото-вест: sporx.com