1,3K
Братот на српската фудбалска ѕвезда, Немања Видиќ, Душан денеска бил пронајден мртов, објавија медиумите во Србија.
Душан Видиќ беше постар брат на легендарниот Немања Видиќ. Двајцата во младоста тренирале фудбал во Јединство од Ужице, но потоа постариот брат се решил да продолжи да игра кошарка и настапувал во српски клубови.
Уште не е објавена причина за неговата смрт.