102
На Коњаспор му
преостанува грчевита битка за опстанок во турскиот елитен фудбалски шампионат,
а оваа екипа има неверојатен преоден рок.
Најпрво го ангажираше
македонскиот бомбардер Адис Јаховиќ, еден од најдобрите напаѓачи во турската
Суперлига, и не само тоа, денеска го ангажираше и Самуел Ето.
Камерунецот заедно со
Јаховиќ ќе биде ударниот двоец во нападот на Коњаспор, а за него ова нема да
биде прв пат да има македонски колега во нападот на тимот каде настапува,
откако го имаше Горан Пандев во Интер.
Инаку, Ето доаѓа од Аланијаспор, во чиј клуб договорот му истекуваше идното лето.