72
Дочекаа големите
љубители на македонскиот фудбал деби на 18 годишниот Елиф Елмас во дресот на
Фенербахче, во турската Суперлига.
Тоа подолг период го
чекаа и фановите на гигантот од Истанбул, кои ја видоа на дело најголемата
македонска фудбалска надеж кој одигра 26 минути на дербито против Трабзонспор
кое заврши нерешено со резултат 1-1.
Нашиот фудбалер во игра
влезе во 64. минута при негатива за црвено-жолтите, па еве една видео
компилација од неговото издание на дербито во Турција.