„Црвено-жолтите“
имаат шанса за историја и пласман на ЕВРО 2020 преку Лига на нации.
Во Лозана
попладнево беше извршена ждрепката и Македонија се најде во Групата 4, заедно
со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Победниците на
четирите групи од Лигата Д потоа ќе играат плеј-оф за едно место на Европското
првенство, секако доколку претходно преку квалификациите не обезбедиле учество
на континенталниот собир.
Избраниците на
Игор Ангеловски имаат реални шанси за ваков успех со оглед на тоа дека ќе
играат против репрезентации кои имаа наш ранг или пак се далеку послаби.
Лига Д:
Група 1: Грузија, Летонија, Казакстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар