71
Бристол уште
еднаш одигра храбро против „Граѓаните“, но тоа не беше доволно за второлигашот
да приреди сензација.
Лерој Сане погоди
кон финишот на првиот дел, а Кун Агуеро на стартот од второто полувреме донесе
водство на Манчестер Сити од 0-2, но ниту тоа не ги скрши домаќините.
Пак стрелаше прецизно во 64.
минута за 1-2, а Флинт во 94. минута изедначи на 2-2 и најави драматични
последни моменти од мечот.
Сепак, Де Брујне во 96. минута ги реши сите дилеми и да го потврди настапот на Манчестер Сити во финале.