Шок за Слот: Летното засилување ги скина лигаментите!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот фудбалер Џовани Леони, кој ова лето за 30 милиони евра од Парма се пресели во Ливерпул, дебито во дресот на „црвените“ нема да го памети по добро.

Арне Слот му укажа доверба на 18-годишникот во куп-средбата со Саутемптон, но оваа средба Италијанецот ја заврши со скинати лигаменти.

Иако додека беше на теренот остави позитивен впечаток и доби пофалби од навивачите, по еден дуел покрај аут-линијата остана да лежи на тревникот и веднаш можеше да се претпостави дека станува збор за сериозен проблем.

Колку ќе трае паузата засега не е познато, но јасно е дека му претстои операција, што значи дека Ливерпул подолго време ќе биде без неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×