Популарниот
„Нестогол“ игра во одлична форма на стартот од сезоната во Серија Б, тој е прв
играч на Палермо, па често е во фокусот на медиумите.
„Џорнале ди
Сицилија“ сега разговараше со Самир Топлак, поранешниот ментор на Илија
Несторовски од Интер Запрешиќ.
Стратегот открива
интересна анегдота за Македонецот која на најубав начин го отсликува напаѓачот и
карактерот со кој тој ги освои симпатиите на Ренцо Барбера, па по само една година
престој ја доби капитенската лента.
„Во мојот прв
натпревар како тренер на Интер Запрешиќ, тој беше исклучен. Победивме со 1-0 и
следната недела Несторовски тренираше како да се подготвува за финале од Лигата
на шампионите” – вели Самир
Топлак.
„Не можев да
разберам зошто вложува толку напор и вежба толку интензивно. Потоа ми се довери
и ми кажа дека стравувал да не го изгуби местото во тимот бидејќи сме победиле.
Се плашел да не си помислам дека тимот може да игра без него”.