Двајца од Шкендија и поранешен Вардарец во конкуренција за најдобар фудбалер во домашниот шампионат за сезоната 2016/17

by
1 минути читање

Во изборот за најдобар
фудбалер во домашниот шампионат
се двајца фудбалери од вицепрвакот Шкендија,
односно еден од актуелниот бранител на титулата Вардар, Бесарт Ибраими и Ферхан
Хасани
, односно Стефан Спировски кој направи трансфер во унгарски Ференцварош.

Илза Максути (АС
Јунајтед), Јана Чубриновска (СЦ Истатов) и Александра Ристовска (Тиверија)
влегоа во конкуренција за
‘најдобра фудбалерка во нашето првенство’.

Беким Османи од
Шкендија-кадети, односно Горан Станковски од Работнички-кадети кој моментално ја обавува функцијата шеф на стручниот штаб на сениорскиот состав на овој тим, се во изборот за
‘Најдобар тренер во младинска категорија’, а во ‘младинскиот фудбал’
номинирани се Елиф Елмас кој направи трансфер во турски Фенербахче (Работнички), Јани Атанасов (Академија Пандев),
односно Енес Фазлагиќ (Шкендија).

Во конкуренција за
наградата
‘Најдобар футсал
играч
’ се Еркан Сефери (КМФ Шкупи), и Александар Глигоров и
Драган Петровиќ, и двајцата од КМФ Велес.

 

Својот глас во изборот
на Куќата на фудбалот на Македонија можете да го дадете – ТУКА.

 

Извор:
ffm.mk

Фото-вест: KF Shkendija (Facebook, архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×