281
Лукаку погоди против Јапонија и донесе победа на Белгија од 1-0. Тоа беше негов 31. гол за репрезентацијата со кој стана најдобар стрелец на својата земја.
Минатата недела Лукаку го изедначи рекордот на Бернард Ворхоф и Паул ван Химст кои имаа по 30 голови.
Белгија нема пораз на последните 15 натпревари, последен пат загубиле од Шпанија во септември 2016 година.