Ангеловски: Се покажа исправно тоа што го работиме, сега ја чекаме ждребката за Лига на нации

by
2 минути читање

Сениорскиот состав на
Македонија славеше со 2-0 над Норвешка во контролен меч кој се одигра во
Скопје, и со победа ја заврши календарската 2017. година, во која забележавме
одличен учинок од пет победи, три ремија и само еден пораз во сите конкуренции.

Селекторот Игор
Ангеловски задоволен од изданието против Норвешка, а за годината која полека но
сигурно е зад нас, вели дека е увертира за нешто повеќе.

Радува фактот што
победивме селекција која е подобро рангирана од нас на ФИФА. Честитки за
фудбалерите кои го одиграа овој меч и генерално сите што играа годинава. Ова
беше контролен меч и ние треба да извлечеме поука од истиот. Заслужено победивме,
Норвешка имаше една статива и една полушанса, мислам дека генерално кога ќе
сумираме бевме подобри
“ го сумираше својот впечаток селекторот Ангеловски по
триумфот над Норвешка.

Допрва треба да
продолжиме со нашата работа, посакувам вака да продолжиме со нашата работа,
сето ова ни дава право да се надеваме дека ќе бидеме во ситуација да се
натпреваруваме на едно Европско првенство или пак Светско првенство
“ додаде
Ангеловски.

Се покажува како
исправно тоа што го работиме, честитки и за младите категории, и ние се
вклопивме во оваа исклучителна година на успеси, сега ја чекаме ждрепката за Лига
на нации, а тоа е следно што ни следи
“ истакна селекторот.

 

Извор:
sport1.mk

Фото-вест:
ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани