Ангеловски пикираше, Македонија офанзивно по триумф над Норвешка

by
1 минути читање

Сениорите на „Националната
Арена Филип Втори“ во Скопје ја пречекуваат Норвешка во пријателски меч,
последен натпревар за оваа календарска година.

Селекторот Игор
Ангеловски веќе пикираше во однос на почетниот состав за денешната контролка
која стартува со почеток од 18 часот и 30 минути, нашата селекција ќе игра во
формациска поставеност од 3-4-3, мошне офанзивно, со Алиоски, Трајковски и Пандев во нападот. 

Македонија: Димитриевски, Одбрана: Ристевски, Зајков, Велковски, Среден ред: Ристовски, Спировски, Барди, Радески,
Напад: Алиоски, Трајковски и Пандев.

Билансот на учинокот од
оваа 2017. година за нашите сениори е четири победи, три ремија и само еден пораз, против денешниот ривал ќе се обидеме да стигнеме до првата победа откако по трите меѓусебни средби имаме едно реми и два порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани