Гигантот не го „ферма“ Гезтепе, Галатасарај го подготвил договорот за Јаховиќ

by
2 минути читање

Адис Јаховиќ заедно со
Бафетимби Гомис од Галатасарај со 11 погодоци од исто толку и одиграни
натпревари во турската Суперлига се најдобрите стрелци засега во тој шампионат.

Дел од турските медиуми
денес излегоа со вест дека Галатасај има јасна намера да во своите редови ги
има двата најдобри напаѓачи во лигата, па така би можело да дојде до напаѓачки
тандем Гомис-Јаховиќ.

Договорот е веќе на
маса, тој е подготвен од Галатасарај, така во следниот период следат разговори
со Гезтепе за евентуален трансфер уште во јануари, доколку разговорите
помеѓу двата клуба не вродат со плод, Јаховиќ на крајот од сезоната ќе биде
слободен фудбалер на трансфер пазарот
“ пишуваат во Турција.

Актуелниот важечки
договор на македонскиот напаѓач со Гезтепе истекува идното лето, клубот веќе
има подготвено договор за продолжување на соработката, но засега нема никакви
информации за тоа како течат преговорите помеѓу обете страни, а понуди на
адреса на Македонецот пристигнуваат од повеќе екипи, меѓу кои посериозни се
токму Галатасарај, како и Бешикташ, Анталијаспор и ЦСКА Москва. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани