Англиските медиуми удрија по Алиоски, го „заборавил“ мотото на Лидс?! (ФОТО)

by
1 минути читање

Лидс е во сериозна
резултатска криза, освен тоа што притисокот расте врз Томас Кристиансен, во
иста позиција се чини се наоѓа и нашиот 25 годишен репрезентативец и член на
англискиот Чемпионшиплигаш, Езгјан Алиоски.

Ниту погодокот
изминатиот викенд на гостувањето кај Брендфорд во поразот од 3-1 не го спаси
популарниот „Џани“ за нов удар кон него од тамошната јавност.

Веќе пишувавме претходно
на тоа дека фановите на Лидс му замерија на Македонецот за тоа што многу повеќе
се истакнува себе си на социјалните мрежи отколку целиот тим, барем таков е
нивниот впечаток, а тој и натаму продолжи со тие објави, горделиво ги претстави
својот гол и неговите најдобри моменти од средбата со Брендфорд, по што следеа
нови критики.

Овој пат, Алиоски се
најде на удар на тамошната јавност поради тоа што заборавил на мотото на клубот
креирано од легендата на Лидс Били Бремнер.

Познатото мото кое стои
и пред „Еланд Роуд“ арената гласи
‘Тимот пред себе си, секогаш’

Извор:
hitc.com

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×