Пелистер на убедлив начин го реши пелагониското дерби против ривалот Победа, Ботолчани славеа со 5-2 и направија крупен чекор кон полуфиналето.
Пелистер имаше можност уште во 14. минута да дојде до водство, но Трифуновски не реализираше пенал. Казната стигна брзо, Победа поведе преку Ристевски со 1-0.
Со два гола на Гоце Тодоровски, Пелистер направи комплетен пресврт, но на одморот не замина со водство бидејќи пред крајот на првиот дел Наумоски изедначи од пенал.
Во второто полувреме со два гола на Лукас и еден на Пеев, Пелистер дојде до убедлив триумф од 5-2.
Ренова со 2-0 го победи Скопје, со истиот резултат Академија Пандев славеше на гостувањето кај Тетекс.
Во четвртфиналето е и Шкендија која таму го чека победникот од осминафиналниот двомеч помеѓу Вардар и Шкупи кој се игра на 29. ноември и 17. декември поради учеството на македонскиот шампион во Лига Европа.