Гезтепе викендов загуби
од бранителот на титулата во турската Суперлига со 1-3 пред своја публика во
Измир, а нашиот бомбардер Адис Јаховиќ поради суспензија од жолти картони не
можеше да му помогне на својот тим.
Интересно, каде и да
игра Гезтепе, дали на домашен или пак гостински терен, фановите на овој клуб не
забораваат да го испочитуваат Македонецот веејќи македонски знамиња на
трибините каде ќе бидат сместени, така беше и викендов.
Ќе се сложите, оваа гледка од трибините е прекрасна…
Со 11 погодоци нашиот
интернационалец е на делба на првото место на листата на стрелците во тамошниот
шампионат заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај.
Се уште е неизвесна иднината на Јаховиќ ако се земе во предвид дека неговиот актуелен важечки договор со Гезтепе истекува идното лето, клубот веќе започна преговори со нашиот напаѓач за продолжување на соработката, а постојано пристигнуваат и понуди на негова адреса, меѓу кои е секако и онаа на Бешикташ.
Со освоени 17 бода,
тимот од Измир се наоѓа на осмото место на табелата, што секако е над
очекувањата за овој клуб кој по долга пауза се врати во најсилниот фудбалски
шампионат на таа земја, а токму Јаховиќ беше еден од главните креатори на тој
успех.