Клупскиот сајт на
македонскиот првак Вардар објави дека стратегот од клупата на црвено-црните,
Чедомир Јаневски им даде малку одмор на фудбалерите.
Така, поради
репрезентативната пауза, а воедно и тоа што претстојниот викенд ќе нема
првенствени натпревари, вардаровите фудбалери добија два слободни дена.
Тренажниот процес за
црвено-црните продолжува во среда, а вон комбинација ќе бидат оние со
репрезентативни обврски, кои ги има во поголем број.
Велковски, Муслиу и
Николов се повикани во сениорскиот состав на Македонија за контролката со
Норвешка во сабота, Џигаури е повикан за Грузија, додека пак Барсегјан и
Хамбарѕумјан за Ерменија.
За младата селекција на
Македонија до 21 година повик добија Петковски и Исени, додека пак онаа
помладата до 19 години повикани се Стојчевски, Тодоровски и Колевски.
Вардар беше во
резултатска криза откако после цели пет меча во сите конкуренции успеа да
обезбеди победа, и тоа против Скопје од 3-0 во 14. Рунда натпревари од Првата
лига на Македонија. Со два натпревари помалку, црвено-црните заостануваат 11
бода зад лидерот во домашниот шампионат Шкендија.
Извор:
fkvardar.mk