102
Селекторот, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски за пријателскиот натпревар против Норвешка кој се игра на 11. ноември на Арената „Филип Втори“.
Маркоски ќе биде замена за Несторовски кој по барање на Палермо е ослободен од репрезентативните обврски за дуелот со Норвешка.
Поради повреда нема да игра ниту Никола Ѓорѓев. А неизвесни се Кире Ристевски и Висар Муслиу, утре ќе се знае дали тие ќе можат да му се стават на располагање на селекторот.
Репрезентативците утре го имаат првиот собир во 12 часот во хотел „Гранд Плаза“.