Популарниот
„Нестогол“ е прв играч на Палермо, без него клубот од Ренцо Барбера се мачи, па
уште минатиот месец „Сицилијанците“ започнаа кампања за напаѓачот да не биде
повикан за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Норвешка.
Дури и сопственикто
Маурицио Ѕампарини го замоли Илчо Ѓорѓиоски и лично му пиша на првиот човек на ФФМ.
Во прв момент
Фудбалската федерација и селекторот Игор Ангеловски решија да го игнорираат Палермо, и голгетерот
доби повик. Но подоцна тие одлучија да му излезат во пресрет на клубот и го ослободија
Илија Несторовски од репрезентативна должност.
„Како ја убедивме
Македонија да го ослободи Несторовски? Се работеше за здрав разум, во
федерациите има луѓе кои можат да препознаат што е логично” – вели спортскиот директор Фабио
Лупо.
„Разговаравме со
луѓето од федерацијата на Македонија, здравиот разум надвладеа па ќе го имаме
Несторовски за мечот на 12. ноември”.
„И ние покажавме
малку здрав разум и го оставивме Трајковски да настапи за Македонија. Вистина е
дека тој не игра многу во Палермо, но се работи за одличен фудбалер кој покажа
што умее против Италија. Се надевам дека се ќе биде во ред со него кога ќе се врати
по обврските со националниот тим, тој за нас е важен ресурс”.