По трите порази во
серија во дебитантскиот настап во Лига Европа, македонскиот првак вечерва (21,05)
гостува кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан.
„Мундо Депортиво“ во
најавата за вечерашната пресметка на „Аноета“ ги објави потенцијалните почетни
состави со кои би настапиле двете екипи.
Шпанскиот медиум очекува
нашиот претставник да настапи во формациска поставеност од 4-2-3-1, онаа
стандардната со која црвено-црните ги играат своите натпревари.
Ова е почетниот состав
кој би го извел Чеде Јаневски, стратегот од клупата на Вардар за вечерашниот
меч, според „Мундо Депортиво“: Гачевски, Хамбарѕумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Николов, Глигоров,
Блажевски, Фелипе, Џигаури и Барсегјан.
Во најавата, шпанскиот
медиум исто така издвои дека нашиот претставник на трибините ќе има и поддршка
од околу 200 навивачи.
Извор: mundodeportivo.com
Фото-вест: 24фудбал (Вардар – Реал Сосиедад, Кочо Сотировски)