Популарниот
„Нестогол“ е прв играч на Палермо оваа сезона, кога тој не е во тимот,
„Сицилијанците“ се мачат па подолго време медиумите од Италија најавуваат дека
клубот е во преговори за Илија Несторовски да не добие повик од Македонија за
пријателскиот натпревар со Норвершка.
Првиот човек на
Палермо, Маурицио Ѕампарини испратил писмо до ФФМ, и лично го замолил Илчо
Ѓорѓиоски за „Црвено-жолтите“ да го поштедат напаѓачот.
Писмото од газда
Ѕампарини утрово беше објавено на официјалната веб страна на Палермо и во него
се вели: „Драг претседателе Ѓорѓиоски, ве замолувам да не го повикате Илија
Несторовски за пријателскиот натпревар со Новершка, со оглед на тоа колку е
важен играчот за нас. Лично ќе ви бидам многу благодарен доколку одговорите
позитивно, бидејќи немате никаква обврска и тоа ќе го направите од куртоазија”.
„Се надевам дека
ќе можеме да се сретнеме во блиска иднина, да ве поканам на натпревар во
Плаермо, да ги гледате Несторовски и Трајковски. Ве поздравувам од мене лично и
од целиот град Палермо”.
Но ФФМ и
селекторот Игор Ангеловски решеија да останат глуви на молбата, па Илија
Несторовски се најде на списокот за дуелот со Норвешка кој ќе се одигра на 11.
ноември на арената „Филип Втори“ во Скопје.