Македонија на 11. ноември ја пречекува Норвешка во пријателски натпревар. Селекторот Игор Ангеловски денеска го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овој дуел.
„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11. ноември нѐ очекува квалитетен тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, аргесивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати, изјави Ангеловски.
Собирот на А репрезентацијата е закажан на 7. ноември во 12:00 часот во х. „Гранд Плаза“.