Алиоски доби одлични оценки на „Фудбал Менаџер 18“ (ФОТО)

by
2 минути читање

Бета верзијата на најновото издание на „Фудбал Менаџер“
беше пуштена во употреба петокот, за фановите на оваа видео симулаторска игра
подобро да се запознаат со неа, а првичните оценки кои доаѓаат се позитивни.

Македонските фудбалери ги добија оценките на ФИФА 18, листата ја предводат четворица (ФОТО)

Во наредните неколку денови до официјалното пуштање во
употреба на новото издание сигурно ќе следат промени во рејтинзите
на фудбалерите,
како и исправка на одредени багови во играта, а одредени медиуми на Островот
напишаа и за оценките кои ги добија фудбалерите на англискиот Чемпионшиплигаш
Лидс, каде настапува нашиот 25 годишен фудбалер Езгјан Алиоски.

Од тамошните пишувања, а воедно и од оценките кои можеме
да ги проследиме на фудбалерите, се чини дека најдобар поединец кај
Чемпионшиплигашот е токму македонскиот репрезентативец.

Оценките кои ги доби Езгјан Алиоски се неверојатни за
дивизијата во која настапува Лидс, тој заедно со Џенсон се единствените двајца
фудбалери кои добија четири ѕвезди од стручниот штаб на тимот во играта

пишуваат на Островот.

Инаку, официјално, изданието на „Фудбал Менаџер 18“ ќе
биде пуштено во употреба на 10 ноември.

 

Извор/Фото: throughitalltogether.sbnation.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани