„Тоа што беа Рој Кин и Патрик Виеира за Манчестер јунајтед и Арсенал, тоа е Аријан Адеми за Динамо Загреб“

by
2 минути читање

26 годишниот Аријан Адеми по подолга пауза се врати на
фудбалските терени, откако му истече двегодишната суспензија од ФИФА поради
допинг.

Нашиот интернационалец од редовите на хрватскиот
вицепрвак Динамо Загреб бележи фантастичен кам бек, па од сите страни добива
пофалби за блескавите изданија после таков подолг период „мирување“ од
терените.

Тоа што беа Рој Кин и Патрик Виеира за Манчестер
јунајтед и Арсенал, тоа е Аријан Адеми за Динамо, машина, погон, или како
сакате. Колкаво значење има за екипата можевте да видите во последните два
натпревари. На „Пољуд“ Динамо во првото полувреме беше криминален, без глава и опашка. Во второто, кога влезе Адеми, изгледаше како Барселона. Против Ријека го „изеде“
нивниот среден ред и овозможи лесна победа. Класа над Антолиќ и Думбија
“ пишува
„24часа“.

Динамо Загреб е на добар пат во враќањето на врвот во
хрватскиот фудбал каде беше неприкосновен се до лани кога неговиот трон го
освои Ријека, но таа сега заостанува зад лидерот цели девет бода по 14 одиграни
кола во тамошниот фудбалски шампионат, а враќањето на Аријан Адеми во тимот е
една од причините за овие изданија на тимот од Загреб.

 

Извор: 24sata.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани