По поразите од Победа и Работнички, Вардар одигра уште еден лош натпревар, овој пат во Кратово на гостувањето кај Силекс.
Вардар имаше огромен посед на топката, но Силекс беше поблиску до трите бода. Кратовчани преку Тимов имаа две огромни шанси во првото полувреме. Тој најпрво ја погоди стативата, а неколку минути подоцна од пенал ја погоди и пречката од голот на Вардар.
Македонскиот шампион не успеа да создаде ниту една посериозна шанса за гол, а Чеде Јаневски чие столче сериозно се тресе, првите измени ги направи дури во последните десет минути од мечот.
Ваквата форма на Вардар ја користи Шкендија која ја зголемува предноста на врвот. Денеска ја совладаа Победа во Могила со 2-0. Головите беа дело на Хасани и Ибраими.
Работнички со голот на Жофри пред крајот на првиот дел го победи Шкупи со 1-0. Со идентичен резултат Скопје го совлада Пелистер.
Синоќа Ренова со 3-1 славеше над Академија Пандев.
Табела по 13. одиграно коло:
1. Шкендија 31
2. Академија Пандев 21 (-1)
3. Вардар 20 (-2)
4. Силекс 19
5. Ренова 17
6. Работнички 16 (-2)
7. Шкупи 15
8. Пелистер 12
9. Победа 12
10. Скопје 9
*Во заграда е бројот на заостанати натпревари.
Фото: ФК Вардар