„Македонскиот фудбалер кој игра на средината од теренот е
моментално ѕвезда број еден во Леванте и добива одлични коментари по секој меч“
пишува истиот медиум притоа додаде и неколку пофалби за тоа како се адаптирал
нашиот интернационалец во Примера.
„Македонецот се развива перфектно, тој не само што
постигнува голови, туку и има способност да го предводи тимот, воедно и да го
организира, да упатува одлични асистенции за своите соиграчи и да биде голема
опасност во противничката половина“ додава „Vavel“.
Барди засега има осум настапи за тимот каде премина ова
лето, а забележа и три погодоци, шанса за ново одлично издание Македонецот ќе
бара на гостувањето кај Еибар во недела, во рамките на десеттото коло од
Примера.
Извор: vavel.com