Лидс вечерва (20,45) на домашен терен на „Еланд Роуд“ го
пречекува Шефилд јунајтед во рамките на 14. рунда натпревари од англиската
Чемпионшиплига.
Тоа што нам не радува, е фактот што во стартните 11 на
шпанскиот стратег Томас Кристиансен се најде и македонскиот интернационалец
Езгјан Алиоски.
Изминативе неколку дена на Островот поедини медиуми му
сугерираа на стратегот од клупата на Лидс да не го почнува мечот со Алиоски, но
тој оддолеа на овие сугестии, па реши од првата минута да почне со Македонецот.
Медиуми на Островот го притискаат Кристиансен: Против Шефилд, без Алиоски (ФОТО)
25 годишниот македонски репрезентативец на 11 настапи
сезонава постигна еден гол за Лидс, а истиот беше воедно и прогласен за гол на
месецот.