Јаховиќ сподели интересен детал од дружбата со Бето, притоа ги откри советите кои му ги упатил на Елмас

by
4 минути читање

30 годишниот македонски интернационалец од редовите на
турскиот Суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ се најде на насловната страна на „Фанатик“,
а истиот медиум направи интервју со него.

Во интервјуто нашиот фудбалер вели дека е среќен во тимот
од Измир, каде со 11 погодоци на девет средби е прв стрелец во Суперлигата на
Турција, а неговиот тим е веднаш зад Галатасарај на табелата.

Јаховиќ открива една интересна приказна со Бето, поранешниот голман на Спортинг Лисабон, Севилја и Порто, како и репрезентативец на Португалија, кој изминатото лето ги засили
редовите на Гезтепе, а инаку важи за близок пријател на Кристиано Роналдо.

Има едно место во градот, ресторан каде секогаш јадеме.
Бето се приклучи во клубот на почетокот на сезоната. Јас седнувам и му велам
нему
Ова е
моето место, седни од спротивната страна
, и тој ми вели дека нема никаков проблем.
Пристигнувам идниот ден во истиот ресторан и повторно го гледам Бето на моето
место, и му реков ако толку го сака тоа место нека ми даде потпишан дрес од
Роналдо, па така местото ќе биде негово
.
Имаме многу големо пријателство со него, инаку, идол ми
е Златан Ибрахимовиќ, уживам гледајќи го Роналдо, но Златан е најдобриот

додава Јаховиќ.

Во интервјуто искусниот напаѓач вели дека му поделил и
некои совети на 18 годишниот македонски суперталентиран фудбалер, Елиф Елмас
кој изминатово лето потпиша за гигантот од Истанбул, Фенербахче.

Прв пат го сретнав Елмас во националниот тим. Откако се
пресели во Фенербахче, имав можност да поразговарам со него повторно. Тој е
голем талент, верувам дека ќе биде голем фудбалер, само потребно е време. Го
советував, младите фудбалери кога ќе почнат со заработка, тие не излегуваат од
ноќните клубови, па така нивните перформанси паѓаат. Тој мора да го знае тоа,
доколку биде професионалец, ќе биде голем фудбалер…
“ издвои Јаховиќ.

Покрај неколкуте интересни прашања, Јаховиќ се осврна и
на тоа кое е значењето на професионален фудбалер кој има притоа и брачен живот.

Не можеме фамилијарниот живот да го сметаме само како
брак. Јас почнав да живеам како професионален спортист, секако, и јас понекогаш
одам на забави во ноќни клубови, но секогаш внимавам тоа да биде во нормални
граници, доколку спортист не се однесува професионално, тој секогаш трпи
последици поради тоа…
“ вели Јаховиќ.

Нашиот напаѓач е на радарот на неколку екипи, Бешикташ и
Анталија веќе пријавија интерес за него, исто како и ЦСКА Москва која се чини
дека е најконкретна во понудата до Гезтепе и самиот фудбалер.

Договорот на Јаховиќ со Гезтепе истекува идното лето,
клубот веќе почна преговори со него околу продолжување на соработката помеѓу
обете страни, па во следниот период се очекуваат детали од тие преговори.

 

Извор: www.fanatik.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани