Тракаи бара ФИФА да го казни Вардар со забрана за купување во два преодни рока и да го суспендира Максимов

by
2 минути читање

Максим Максимов
во последните денови од преодниот рок потпиша за Вардар, но неговиот трансфер
се искомпликува откако Тракаи обвини дека зделката е нелегална.

ФИФА овој месец
сепак му дозовли на Вардар да го регистрира напаѓачот и тој веќе го имаше
дебито за „Црвено-црните“ во дербито со Шкендија.

Но Тракаи не се
откажува, вели дека дозволата за регистирација е само привремена, и соопшти
дека тие доставиле тужба до ФИФА.

Клубот од
Литванија бара соодвето обесштетување, како и сусензија за играчот и забрана за
купување во два преодни рока за Вардар.

„На 30. август
2017, нашиот играч Максим Максимов го раскина договорот без валидна причина и
потпиша за Вардар
– се
гласи во соопштението.

„Спротивно на
тврдењата на играчот, во неговиот договор немаше клаузула која му дава право да си ја купи слободата, и раскинот на договорот го прекрши статутот и правилата
на ФИФА
.

„Ние се обративме
до реномирана адвокатска канцеларија, и по консултациите со нив, доставивме тужба до
ФИФА против Максим Максимов и Вардар. Бараме обесштетување за нелегалниот
раскин на договорот, како и суспензија на играчот и забрана за купување на фудбалери во следните два трансфер периоди за Вардар
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани