90 минути за Елмас во големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче кое заврши без победник

by
1 минути читање

Фенербахче со нов тренер отиде на гостувањето кај големиот ривал Галатасарај и извади реми, а можеше да дојде и до трите бода. За нив ова е позитивен резултат со оглед на очајната форма во која се наоѓаа.

Галатасарај со голови на Донк и Линес водеше со 2-0 и се чинеше дека ќе дојде до сигурни три бода, но Валбуена најпрво во 66. минута од пенал намали на 2-1, а шест минути подоцна Жаилсон даде гол за конечни 2-2.

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути и имаше голема шанса при 2-2 да донесе водство за Фенер, но Муслера го одбрани неговиот удар.

По последниот свреж се случи и тепачка на теренот во која главната улога ја имаше стрелецот на израмнувачкиот гол Жаилсон кој успеа да избегне во тунелот откако удри играч на Галатасарај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани