„Ѓаволите“ го совладаа Њукасл и му направија услуга на Челзи кој е најблизу до место во Европа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Манчестер Јунајтед успеа да слави во дербито против Њукасл Јунајтед со 3-2 (1-0), во заостанатиот натпревар од 34. коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ во ефикасен меч на крајот се радуваа против гостинот на „Олд Трафорд“, но со тоа му направија услуга на ривалот Челзи во битката за излез во Европа.

Коби Маино го отвори резултатот на „Театрот на соништата“ во 37. минута, а Ентони Гордон израмни на стартот на второто полувреме. Сепак, бргу потоа следеше гол за ново водство преку младиот Диало. Во завршницата меѓу стрелците се запиша и Хојлунд, додека конечните 3-2 ги постави Луис Хал.

Круцијална победа на „Амекс“ во Брајтон запиша Челзи (1-2). Избраниците на Маурисио Почетино со четвртото славје во низа е во пол-позиција за излез во Европа. Со головите на Кол Палмер и Кристофер Нкунку „сините“ имаа контрола врз средбата, додека во финишот Дени Велбек намали на 1-2. Пред крајот исклучен беше капитенот на Челзи, Рис Џејмс, но тоа не влијаеше многу на резултатот.

Што се однесува до табелата, во моментов Челзи има 60 бода, а Њукасл и Манчестер по 57. Во завршната рунда „сините“ играат дома со Борнмут, Њукасл гостува кај Брентфорд, а Манчестер оди во Брајтон. Челзи има и математики за пласман во Лигата на Европа, меѓутоа треба да се случи сензација и Тотенхем да загуби од „фенерџијата“ Шефилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани