Шпанскиот новинар во шок: Пред стадионот на Црвена Звезда има тенк…

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона рутински ја совлада Црвена Звезда во Белград (2-5) во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите.

Интересот за овој натпревар беше голем, многу луѓе од регионот допатуваа за да го гледаат мечот. Како и секогаш, со Барселона допатуваа и шпански новинари, а еден од нив се изненади кога го виде тенкот пред стадионот „Рајко Митиќ“.

Добредојдовте на Рајко Митиќ, стадион на кој има огромна безбедносна поддршка. Премногу полицајци и редари, а има и еден тенк. Што истиот прави тука, не знам“, прокоментира шпанскиот новинар.

Се работи за тенк Т-55 кој потекнува од Русија. Истиот не е оперативен, туку е донесен по реставрација од воен отпад. Во него нема мотор ниту кабина, а важи само за атракција пред стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани