Шкендија го заврши настапот во Европа, и дома загуби од Ноах

by bojan
1 минути читање
Шкендија

Вицешампионот на Македонија, Шкендија е елиминирана уште во првото коло од Конференциската лига, вечерва „црвено-црните“ од Тетово загубија со 1-2 на реваншот против Ноах.

Шкендија го заврши настапот во Европа со два порази од Ноах во првото коло од Конференциската лига.

Вечерва на реваншот во Скопје, вицешампионот на Македонија загуби со 1-2.

Ноах поведе во 20. минута со голот на Миљковиќ, но Цаке на стартот од вториот дел ја врати надежта на тетовци дека можат да направат сензационален пресврт.

Шкендија потоа имаше неколку изгледни шанси за возбудлива завршница, но откако не реализираше казната стигна во судиското надополнување, Пинсон во 91. минута ја затресе мрежата за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани